| четврток, 6 декември 2018 |

Каде беше најстудено во Македонија?

Берово беше најстудениот град во Македонија утрово. Таму биле измерени минус 28 степени, информира УХМР. По Берово следат -25 Битола, -24 Маврово, -23 Лазарополе, Крива Паланка, -22 Тетово, Крушево, -21 Скопје Петровец, Штип, Прилеп, -20 Виница, -19 Куманово, Ѓуриште, Тополчани, -18 Струмица, -17 Д. Капија, -16 Охрид, Претор, -15 Дебар, -12 Дојран, -10 Гевгелија, 17 Скопје.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

8 Претор, Д. Капија, 9 Струмица, Скопје, 10 Скопје Петровец, 11 Виница, 14 Штип, Прилеп, 15 Охрид, 17 Битола, 20 Куманово, Ѓуриште, 21 Кр. Паланка, 23 Крушево, 27 Берово, 30 Дебар, Тетово, 35 Тополчани, 49 Лазарополе, 56 Пожаране, 78 Маврово.

Според УХМР денеска времето ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во земјава ќе биде насекаде негативна и ќе достигне од -12 до -7 степени.

За утре се прогнозира променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Најниската утринска температураво земјава ќе се спушти во интервалот -25 до – 15, а највисоката дневна од -13 до -7 степени.

Во скопското подрачје ќе преовладува променливо облачно и многу студено со сончеви периоди и со умерен северен ветер. Т=-19/-8.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и многу студено време со услови за провејување на локален слаб снег. Од среда се очекува намалување на облачноста и постепен благ пораст на температурата, а од петок ќе бидеме под јужно воздушно струење кога се очекува да има позначителен пораст на температурата на воздухот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top