Со натпреварот во Тиват (18.00) меѓу црногорскиот Теодо и Куманово денеска ќе биде отворен вториот дел од Балканската регионална кошаркарска лига. Кумановци кои беа трети во прелиминарната група А, на отворањето од фазата ТОП 6 патуваат на приморјето со цел веднаш да создадат позиција која во двокужниот бод систем, во кој важат бодовите од меѓусебните од првиот круг, ќе им овозможи пласман меѓу првите четири екипи.
Попладеневo се игра и бугарскиот меч меѓу Левски и Рилски спортист, а за утре е предвиден тој меѓу израелски Галил и грчката Кавала. Сите шест екипи во овој дел од БИБЛ лигата влегуваат со ист број победи и порази (2-2), со по 6 бода, значи и со подеднакви шанси за завршниот турнир.
Македонија досега играше видна улога во шампионатот кој се одржува под патронажа на осигурувањето Еуроинс и постојано имаше претставници на фајнал форот. Во 2009.година Работнички загуби во финалето од Рилски, во следната Фени испадна во полуфиналето од Ловќен, но затоа во 2011.година со победа против Рилски го освои регионалното кошаркарско натпреварување што се смета за најголем меѓународен успех на нашите клубови во меѓународните купови. Лани кавадарчани повторно учествуваа во полуфиналето во кое беа поразени од Левски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.