Многу голем процеп во еден од најголемите ледени гребени на Антарктикот драматично се проширил изминатиов месец, што може да доведе до одвојување на огромна санта мраз ова лето, соопштуваат британски научници.
Сантата е наречена Ларсен Ц и со големина од 5000 квадратни километри, кое според научниците е меѓу десетте најголеми санти забележани во историјата, сега го држат само 20 километри мраз од отцепување. Ларсен Ц е најсеверната ледена санта на Анктарктикот.
„Ако не се случи такво нешто во следниве неколку месеци, би бил изненаден. Според комбинирани радарски снимки на процепот, толку е блиску до распаѓање што мислам дека е неизбежно“, вели за ББЦ професорот Адриан Лукман, лидерот на проектот од Универзитетот во Свонси.
Доколку ова се случи, може да го забрза дополнителното растурање на ледениот гребен што би довело до распаѓање на огромната ледена површина која ги држи глечерите на Анктарктикот да пропаднат во океанот
Истражувачите велат дека се работи за географски, а не за климатски настан. Процепот постоел со децении, но токму сега почнал да се проширува. Се верува дека глобалното затоплување го забрзало веројатното отцепување на сантата мраз, но научниците немаат директни докази кои би го поддржале ова тврдење.
Сепак, нивната загриженост е како настанот кој следува ќе се одрази на остатокот од ледениот гребен.
„Убедени сме, иако некои други не веруваат во тоа, дека остатокот од ледениот гребен ќе биде помалку стабилен од сегашниот. За очекување ќе биде во следните месеци и години дополнителни ефекти на отцепувања, а можеби и евентуален колапс – но тоа е многу тешко да се предвиди, бидејќи нашите модели велат дека ќе биде помалку стабилен, не и дека ќе има брз колапс“ вели Лукман.
Додека плови во океанот, сантата мраз нема да го подигне нивото на морињата, но доколку сантата дополнително се распадне ќе резултира кон глечерите кои пловат покрај неговата површина да го забрзаат нивниот пат низ океанот. Овој момент на мраз кој не плови би влијаел врз нивото на морињата.
Според проценките, доколку целиот мраз кој сега го задржува сантата мраз Ларсен Ц влезе во морињата, глобалното ниво на морската површина би се подигнал за 10 сантиметри.
извор: радио МОФ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст