| четврток, 6 декември 2018 |

Божик во светот

Од источна Европа, преку Африка и централна Азија, околу 300 милиони православни христијани го слават Божик по јулијанскиот календар. Очекувано, синоќа најмасовно беше во Москва, каде верниците ги преплавија стотиците цркви во бастионот на православието. Во над 800 цркви само во главниот руски град, божикните ѕвона го означија раѓањето христово. Централната богослужба се одржа во катедралата Христос спасител, каде што божикна литургија одржа патријархот московски и серуски Кирил. Меѓу 600­те верниците беше и рускиот премиер Дмитриј Медведев. Во божикната порака, патријархот се осврна на случувањата на Блискиот исток. Денеска активностите на терористичките организации станаа оружје за политички цели, на што русија жестоко се спротивставува, рече патријархот Кирил во своето обраќање. Трета година во низа, претседателот Владимир Путин ја прескокна централната манифестација. Овој Божик го пречека во еден од најстарите руски манастири, Јурјевиот манастир во Новгородскиот регион. Христовото раѓање беше прославено и во Ерусалим, Украина, Грузија, Молдавија, Србија, Црна Гора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top