| четврток, 6 декември 2018 |

Докажано: дебелите се поспретни во кревет

sssssexyСтомакот е гаранција за подобар секс, тврдат турски научници. Според направената студија дебелите мажи се подобри љубовници од слабите. Разликата е во тоа што оние кои имаат стомаче се повеќе издржливи.

Просечната должина на сексот на полните мажи трае 7,3 минути, додека слабите  издржувале само 1,8 минути „активна работа“. Исто така, научниците утврдиле дека слабите мажи не поседувале вештини со кои се служат елегантно пополнетите во креветот за да ја задоволат жената.

Причината лежи во тоа што заради наслагите на сало во стомачниот дел дебелите имаат помалку проблеми со предвремената ејакулација. Наслагите од сало на машкиот стомак помагаат да се постигне хормонска рамнотежа заради одвишок женски хормон естрадиол, еден од облиците на естрогенот. Ниското ниво на женски хормони кај мажите, поточно кај мажите без стомаче, може да создаде проблем на ова поле.

Должината на турските мустаќи за сега не се дел од оваа студија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top