Во корист на Харадинај оди тоа што српската Безбедносно информативната агенција (БИА) во своите документи тврди дека до 1999 година УЧК немале команда па поради тоа е тешко да се лоцира нечија одговорност.
Поранешниот хашки затвореник, Рамуш Харадинај тешко дека ќе одговара за воените злосторства што ги има направено.Тој се терети за убиства на 63 Срби на Косово во 1999 година.
Харадинај во моментов се наоѓа во притвор во Швајцарија и се очекува да биде екстрадиран во Србија по потерницата која е издадена по него.
Во негов прилог оди ослободителната пресуда на хашкиот суд и обвиненијата кои против него се покренувани во времето на Слободан Милошевиќ кој исто така беше суден но не и осуден од страна на Трибуналот.
Според косовските власти тие обвиненија се покренувани без голем број докази и дека всушност станува збор за политички прогон. Згора на тоа во меѓувреме од Државната безбедност се исчезнати прислушуваните разговори кои српските власти ги поседувале
Во корист на Харадинај оди тоа што српската Безбедносно информативната агенција (БИА) во своите документи тврди дека до 1999 година УЧК немале команда па поради тоа е тешко да се лоцира нечија одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.