Рускиот претседател Владимир Путин не е од „нашата репрезентација“, изјави американскиот претседател во заминување Барак Обама во пораката до својот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп, откако претходно беше објавен разузнавачкиот извештај со констатациите за мешањето на Москва во американските избори во корист на Трамп, пренесе ДПА.
-Едно од нештата кои ме загрижуваат се сите оние коментари во последно време, било да се на републиканци, експерти или умерени коментатори, кои секогаш имаат повеќе доверба во Владимир Путин, отколку во своите сонародници Американци само затоа што овие сонародници се од Демократската партија. Тоа не треба да е така, рече Обама во интервју за телевизија Еј-Би-Си њуз.
„Треба да се потсетиме дека сме од една репрезентација. Владимир Путин не е од нашата екипа“, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст