Забраните на најголемиот број патни правци во земјата од пладнето во петокот се укинати, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), а единствено во моментов во прекин е сообраќајот, од 6 часот утрото сообраќајот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани, поточно од селото Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.
Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Маврово и Ѓавато.
Забраната за сообраќај за сите видови возила за патниот правец Велес- Скопје во 10 часот се укинува. Исто така, забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Скопје-Велес во 10 часот беше укината.
Сообраќајот на патниот правец Валандово – Стар Дојран и обратно кај месноста Бела барака е нормализиран. Од 13 часот сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Кавадарци кај Плетвар е нормализиран. Претходно од 12,50 часот регионалниот пат Тетово – Јажинце е нормализиран, а од 13,10 часот нормализиран е и сообраќајот кај магистралниот пат Струга – Ќафасан.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е укината во 13,35 часот, како и забраната за сообраќај за тешки товарни возила за патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека која престана да важи од 13,45 часот. Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на „Македонија Пат“.
Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Регионалниот пат Р-2332 патен правец Ресен – Охрид (преку национален парк Галичица) од 15.11.2016 до 01.04.2017 е затворен за сообраќај. Од охридската страна возилата со вкупна тежина до 3,5 тони можат да се обраќаат само до месноста Kорита.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст