| четврток, 6 декември 2018 |

Расчистени улиците во Тетово, проодно и кон селата

Снежните врнежи продолжуваат со висок интензитет, а сообраќајот во Тетово се одвива слободно, но во зимски услови.

Расчистени се и проодни градските булевари, кружните текови во градот како и улиците со секундарен приоритет. Исто така, проодни се и патиштата кон селата Шипковица, Бродец, Вешала, Бозовце како и влезните делови на селата Расадиште, Гајре и Лисец.

Проблеми се појавуваат во патниот правец Селце-Вејце, каде поради дефект на механизацијата, ангажирана е дополнителна механизација која веќе е упатена кон овој патен правец и во текот на еден час се очекува оспособување на истиот.

Се молат граѓаните да не излезгуваат без никаква потреба со нивните возила, да не го фрлаат снегот на улица и да не се паркираат паралелно низ улиците. Исто така за секаква потреба или ургенција граѓаните да се јавуваат на телефонските броеви ТППЕ 193, ЦУК 195 или на 075/ 369-013.

Поради непрекинатите снежни врнежи целата механизација како и човечките капацитети ќе работат непрекинато до нормализирање на патниот сообраќај во општина Тетово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top