| четврток, 6 декември 2018 |

Како лесно да се откажете од масната и слатка храна?

Ако не можете да се откажете од слатката и масна храна која ве спречува да го изгубите вишокот на килограми, можеби сте зависни од истата. Начинот да се откажете од таквата храна е детоксификација на вашиот црн дроб која може да се изведе преку 4 едноставни чекори.

1. Во текот на една седмица заменете ги житариците со брокула или карфиол, а јадете и лук, праз и кромид, затоа што се полни со флавоноиди.

2. За да ја намалите желбата за јаглехидрати, секојдневно внесувајте Витамин Б комплекс и 1.000 милиграми дневно хромиум пиколинат како суплемент во исхраната.

3. Месото конзумирајте го во сооднос 4:1 што значи дека на четири порции бело пилешко месо, мисиркино месо или риба, можете да изедете само една порција црвено месо. Конзумирајте и лиснат зеленчук и цитруси.

4. Препознајте ја емотивната глад – емотивната глад е нагла, односно се појавува одеднаш и со голем интензитет, додека физичката глад се јавува посетепено. Емоционалната глад не може да биде задоволена со храна, а физичката може.

Истражувањата покажуваат дека и самото замислување дека јадете храна може да ви помогне да јадете помалку, правејќи ја храната помалку привлечна. Клучот е да јадете свесно и да прекинете кога ќе се чувствувате полни (не преполни).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top