| четврток, 6 декември 2018 |

Нормализиран сообраќајот Кавадарци-Неготино и Охрид-Ресен

Нормализиран сообраќајот на патните правци Кавадарци-Неготино и Охрид – Ресен кој беше во прекин од 19 и 30 часот поради превртени тешки моторни возила.

Забрани за движење на тешки товарни возила поради врнежите од снег, воведени се на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково.

На патниот правец Струмица – Валандово поради излизгано тешко моторно возило, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top