| четврток, 6 декември 2018 |

Не заборавајте: Ова никако не смеете да го направите утре, носи несреќа

Бадник го најавува најголемиот христијански празник Божиќ.
На овој ден семејството се собира на посна трпеза. Оние кои во текот на годината биле скарани, на Бадник си простуваат и се смируваат.

Многу обичаи кои се врзани за Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско значење. На овој ден не се оди на гости, и не се позајмуваат пари.

Еве неколку стари народни верувања поврзани со овој голем христијански празник:

– На Бадниковата вечер не смеете да заспиете додека не ви запее коледар, бидејќи домаќините ќе починуваат без предзнак или невидено

– Не смеете да одите боси по слама бидејќи домашните ќе се разболат и ќе ги болат нозе

– Ако на Бадник биде облачно, ќе биде родна година

-Ако на Бадник се собере доста пепел на бадниковото гранче кое гори, се верува дека зимата ќе биде студена со многу снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top