| четврток, 6 декември 2018 |

Дознајте која намирница е најдобар лек за нервоза и раздразливост?!

Често сте под стрес, лесно се нервирате и не успевате да ја сочувате самоконтролата во критичните ситуации.

Своето мени би требало да го збогатите со печурки и ќе ви биде многу полесно, советуваат нутриционистите.

Богати со триптофан, аминокиселина која помага да се регулира стресот, печурките се најдобар природен лек за нервоза и раздразливост.

Освен триптофан, содржат и витамини од Б групата (особено Б 12) потребни за нормално функционирање на нервниот систем.

Нискокалорични, богати со растителни влакна и минерали како селен и бакар, инаку моќни антиоксиданти, печурките се идеална храна за сите оние кои сакаат да го зачуваат здравјето и да го забават стареењето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top