2017 година ќе биде година кога ќе донесете важни одлуки кои ќе го подобрат квалитетот на вашето живеење. Веќе нема да сакате да се дружите со луѓе кои ве оптеретуваат и тоа ќе им го кажете в лице. Ќе се трудите да си угодите себеси, не размислувајќи многу за другите. Ќе запознаете нови луѓе чие друштво ќе ви одговара и со кои почесто ќе излегувате. Но, ќе ги прецените своите можности и лесно ќе давате ветувања кои ќе немате моќ да ги исполните.
На тој начин ќе ги повредите оние кои се грижат за вас. Но, за среќа навреме ќе ја увидите таквата грешка и ќе ги замолите да ви простат. Оваа година за вас ќе биде успешна на секое поле, па лесно ќе започнувате нови проекти, кои долго ги одложувавте. Сите коцки ќе се сложат и ќе сфатите дека е вистинско време да ја преземете контролата над вашиот живот.
Кариера
Почетокот на годината може да донесе мали конфликти со вашите колеги и претпоставени. Ќе бидете вознемирени поради тоа, но на крајот нештата ќе излезат на добро. Ќе ви се укаже нова шанса која максимално ќе ја искористите. Ќе остварите важни контакти па голема е веројатноста дека ќе патувате на некакво случување во странство. Ќе стекнете драгоцено знаење и искуство кое ќе ви користи. Крајот на годината ќе имате премногу работа, па ќе добиете помош од друга личност. Често ќе зборувате со оние на кои им верувате и ќе се придржувате на нивните совети.
Љубов
Оваа година ќе ви донесе многу стабилност на љубовен план. Повеќе ќе и се посветите на вашата сакана личност и често ќе им приредувате изненадувања. Ќе минувате доста време заедно и ќе размислувате за тоа да живеете заедно.
Ако сте во брак, ќе ве фаќа љубомора, но ќе морате да го контролирате тоа, како и потребата постојано да го следите секој чекор на вашиот сопруг/сопруга. Имајте повеќе доверба во нив и немојте да правите сцени. Не разговарајте со оние кои се негативни или имале лоши искуства, бидејќи лошо ќе ви влијаат.
Слободните Стрелци ќе бидат во дилема дали да започнат врска со личноста која скоро ја запознале или да и се вратат на поранешната љубов, на која не и се рамнодушни. Ќе бидете многу збунети, а треба да бидете и особено внимателни да не донесете погрешна одлука.
Финансии
Можно е да се занимавате со реновирање во вашиот дом, што ќе ви донесе многу трошоци. Блиска личност ќе ве праша да и позајмите пари, но ќе морате да ја одбиете бидејќи ни сами не можете да скрпите крај со крај. Средината на годината ќе ви донесе подобра ситуација бидејќи ќе продадете некаков имот кој не сте го користеле. Ќе ги ставите сите приходи и расходи на хартија и ќе се потрудите да ги распоредите парите, за да не ги потрошите одеднаш.
Здравје
На почетокот на годината ќе бидете исцрпени од грип поради кој долго ќе бидете во кревет. Нема да можете така лесно да им се вратите на секојдневните обврски, бидејќи ќе сакате да го зајакнете имунолошкиот систем за да не се најдете повторно во истата ситуација. Во некои моменти ќе се однесувате како хипохондрик и постојано ќе изгледа како нешто да не е во ред со вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.