| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобра работа на светот: За направени три фотографии дневно, заработка од 65.000 долари

Компанијата за организирање на туристички крастарење „Ројал Карибиан“ бара професионално ангажиран „човек за одмор“, чија единствена задача ќе биде за време на турите да објавува по три фотографии дневно на Инстраграм, за што ќе заработи 65.000 долари.

„Вработениот турист“ ќе добие три платени крстарења со брод по Карипското Море во траење од по три недели, за време на кои треба да објавува фотографии од морската шир, пристаништа, бродските простории и несекојдневни искуства.

Покрај „работата“ на бродот, работните обвски вклучуваат и да се учествува во најмалку три екскурзии на копно на секое од трите крстарења.

Заедно со објавувањето на фотографиите на Инстаграм, негова задача ќе биде и да ги поттикнува остантите корисници на мрежата да ги коментираат снимките, да споделуваат свои искуства од крстарењата или да даваат препораки кои места треба да се посетат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top