| четврток, 6 декември 2018 |

Препораки како да се самозаштитиме од студеното време

Студеното време може да влијае со последици врз здравјето на граѓаните и заклучоците од состанокот на управувачкиот комитет се однесуваат во насока на евентуални последици, истакна Д-р Татјана Баевска Вучковиќ – Директор на здравствен дом Скопје во „Аргументи“ на ТВ НОВА на тема „„Ќе нè изненади ли снегот зимава?“

„Важно е медиумски да се проследат информациите за препорака до граѓаните за самозаштита, останатото се однесува на обврските што ги имаат здравствените установи, во делот на давање на здравствените услуги. Тука акцентот е ставен пред сè на знаењето на граѓаните како да дојдат до здравствени услуги во отежнати услови, бидејќи најавеното студено време ќе го отежни движењето во сообраќајот, а некои делови можат да бидат отсечени, па важно е информацијата да биде јавно споделена“, појасни Баевска Вучковиќ и додаде дека од огромно значење е да се зајакнат максимално капацитетите во здравствените установи во сите сегменти.

„Сите служби денеска добија известување да бидат зајакнати во следните неколку дена. Да бидат доволно опремени со материјал, лекови, и согласно електронскиот систем да се направи проценка на кои лица би им била потребна терапија. Понатаму, со оглед на тоа што се очекуваат искршеници, важно е Ургентните центри и сите болници да бидат со зајакнати капацитети за да можат да одговорат. Како да се дојде до ранливите категории кои можат да трпат последивци? Добиен е список на лица од центрите за социјална грижа, овие лица ќе бидат посетени, а важно да се спомене е и тоа што патронажните служби во престојните празнични денови ќе бидат зајакнати“, додаде Баевска Вучковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top