Грчката антитерористичка полиција денеска соопшти дека ја уапсила лидерката на екстремно левичарската група Револуционерна борба, која презеде одговорност за серија напади и која четири години беше во бегство.
Паула Рупа (48) е уапсена рано утринава во Атина, а со неа е приведена и 25-годишна жена, која и помагала во криењето, се наведува во соопштението на грчката полиција. Рупа и нејзиниот соработник Никос Мазиотис беа уапсени во 2010 година, а потоа во 2011 година пуштени на условна слобода до почеток на судењето, по што двајцата исчезнаа, наведуваат грчките медиуми.
Во 2014 година Мазиотис беше уапсен во грчката престолнина по кратка престрелка со полицијата, а две години подоцна Рупа неуспешно се обиде да го извлече од затвор, користејќи грабнат хеликоптер.
Двојката има шестогодишен син, роден во болница во Атина неколку месеци откако неговите родители беа сместени во затвор во 2010 година. Нивната група Револуционерна борба, која е основана во 2003 година, властите некогаш ја сметаа за најопасната екстремно левичарска организација во Грција, а ЕУ и САД ја ставија на листата на терористички групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст