Во Кичево вчера ненадејно почина писателот Стојмир Симјановски, соопшти Друштвото на писателите на Македонија, каде што Симјановски членувал од 1975 година.
Симјановски е роден во кичевското село Иваничишта во 1937 година. Беше дипломиран филолог, работеше во Дирекцијата за иселеништво на Република Македонија.
– Како раскажувач, романсиер, драмски автор и фељтонист Стојмир Симјановски зад себе остави богат опус од 32 книги. Меѓу позначајните наслови во неговото творештво се романите „Вратата на сонот“, „Двојната Ева“, „Црвени утра“, и збирката раскази „Чесно дрво“. Беше автор и на дела од областа на научната фантастика со кои во македонската литература потполни евидентна празнина. Добитник е на наградата „11 Септември“ на град Кичево, соопшти ДПМ.
Посмртните останки на Симјановски ќе бидат погребани денеска во 12 часот на градските гробишта во Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст