Италијанската новинарка на Скај Спорт за прв пат проговори за ужасот кој го доживеала таа по објавувањето на голите фотографии од неа на социјалните мрежи, а таа призна дека нејзините фотографии биле реални и дека биле цел на хакерски напад.
Сексапилната дваесет и пет годишна Дилета Леота која работи како новинар во Скај Спорт во нејзината земја Италија стана интернет сензација за неполни 24 часа, откако нејзиниот телефон беше цел на хакерски напад.
-Мојот телефон не престануваше да ѕвони, пораки ми стигнуваа на секоја секунда, јас првично не сакав да се погледнам во огледало и плачев по цели денови, но на крај добив сила, вели таа.
-Јас тие фотографии не ни ги чуствувам како секси, јас едноставно се помирив дека тие фотографии се дел од мојот приватен архив, а некој намерно го хакирал мојот icloud и ми ги преземал сликите. Новинарката негира дека и дека тие фотографии намерно таа ги објавила самата за да стекне публицитет.
Таа вели и дека не треба да се разочаруваат момчињата и девојките кои ќе се најдат во ваква слична ситуација, бидејќи тие фотографии едноставно се во нивна приватност и во нивните мобилни телефони.
Марио Балотели целосно ја поддржа новинарката и вели дека:
-Секој е слободен да прави што сака со своето тело, а луѓето кои ја злоупотребуваат оваа работа се кукавици.
Дилета е само уште една од многуте ѕвезди на кои им биле хакирани нивните приватни фотографии, а слични вакви напади преживеале и Џенифер Лоренс, Кејт Аптон и Скарлет Јохансон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст