| четврток, 6 декември 2018 |

Народни верувања: Зошто на саканата личност не смеете да и подарите часовник?

За љубов и свадба во народот секогаш има многу верувања. Ова се некои од нив:
*Кога двајца ќе се судрат со главите во желба нешто да подигнат, тие ќе се засакаат.
*Ако секогаш изедеш се од чинијата, ќе имате убав сопруг или жена.
* Ако за тебе ќе се закачи некоја гранка, тоа е знак дека некој те обожува. Гранката не треба да се гази, туку со рака да се тргне.
*Роза од чија средина расте нова цвет е „свршеничка роза“. Ако ја пронајдете, тоа значи дека набрзо ќе се омажите или ожените.
*Ако трн ти се фати за фустанот, тоа е знак на нечија скорешна свадба на која и ти ќе присуствуваш.
*Првата љубичица која ќе ја пронајдете на пролет, изедете ја, и целата година е добивате неизмерна љубов од вашите најблиски.
*Ако пронајдете јајце со две жолчки некој наскоро ќе прави свадба.
*Ако на гардероба пронајдете црн конец на вас мисли црно момче или девојка и обратно.
*Ако ви испадне нож и се забоде, ќе доживеете неверство од страна на саканата личност.
*Не го менувајте свршеничкиот прстен за да не ви се смени животот.
*Момчето на девојката не треба да и подарува менѓуши, затоа што нивната врска наскоро ќе се заврши.
*Се верува дека времето ан двајца вљубени е изброено и ќе следи крај ако еден од нив на саканата личност и подари часовник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top