| четврток, 6 декември 2018 |

Само тој се осмели: Цел свет знае дека Саудиска Арабија е лулка на тероризмот, но сите упорно молчат! (Фото)

Поранешниот премиер на Ирак, Нури Ел Малики, кој денес е на функцијата потпретседател на државата, допатувал во посета на Техеран. Шиитскиот политичар излегол со остри критики за главниот регионален противник на Иран – Саудиска Арабија.

“Дури и САД и Европа знаат дека Саудиска Арабија е лулка на теророт. За вехабијските муфтии сите муслимани кои не ја делат нивната идеологија се еретици. Ријад треба да плати висока цена за поддршката на тероризмот”, изјавил потпретседателот на Ирак.

Малики им се заблагодарил на иранските власти за поддршката која му ја даваат на официјален Багдад во борбата против радикалните сунитски групи.

“Само Иран веднаш му прати оружје на Ирак и не го развлече тој процес, како сите други”, нагласил политичарот.

Тој соопштил дека по ослободувањето на Мосул, ирачки борци ќе бидат пратени во Сирија за да ја продолжат борбата против ИСИС. Не е јасно само дали станува збор за единици на ирачката војска или за шиитската самоодбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top