| четврток, 6 декември 2018 |

Има 70 години, а изгледа 30 години помладо, таа е сопственичката на овие совршени нозе (Фото)

Овој женствен адут славната актерка често го истакнува и кога носи долги свечени тоалети.
Мини здолништата според многумина се парче облека кое најдобро им стои на младите жени, но 70 – годишната Сузан Самерс не се откажува од нив ниту на влезот од осмата деценија!

Тоа го покажала и на прославата во пресрет на доделувањето на Златни глобуси, каде што пленела погледи во златниот мини фустан кој ги истакнал нејзините извајани нозе

Овој женствен адут славната актерка често го истакнува и кога носи долги свечени тоалети.

„Кога бев млада, луѓето во шеесеттите и седумдесеттите години од животот или влегуваа во пензија, или умираа. Јас не сум ни блиску до тоа, мора да има нешто во начинот на кој се грижам за моето здравје. Ќе живеам 110 години“, рекла Сузан низ насмевка.

Својата топ форма актерката му ја должи на редовното вежбање со личен тренер и исхрана базирана на органска храна со која започнала во 2000 година, откако и` бил дијагностициран рак на дојката кој го победила.

Сузан се појавила на црвениот тепих со сопругот Ален Хамел, со кој е во брак уште од 1977 година.

И покрај убавиот изглед, некои корисници на социјалните мрежи сметаат дека седумдесетгодишна жена во мини фустан не е примерна глетка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top