Најновото истражување покажало дека 75% од жените сакаат секс минимум трипати неделно. Од 5.000 жени, 46,8% се задоволни од својот сексуален живот, додека 53,2% сакаат почесто да имаат сексуални односи.
Кога станува збор за оргазмот, околу 38,6% од жените го доживуваат врвот во секој сексуален чин, 23,8% од нив често, 16,2% повремено, а 10,2% има повеќе оргазми во еден сексуален чин. Дури 8,4 отсто од жените ретко доживуваат оргазам за време на сексот со партнерот, а 2,8% никогаш не го доживуваат.
Студијата покажала дека на жените за добар секс најважна им е емоционалната приврзаност, односно заемните чувства со партнерот. Тоа го сметаат 53,2% од жените, додека 23,6% предиграта ја гледаат како лек за се’. Како преостанати фактори ги наведуваат комуникацијата (10,4%), редовна сексуална активност (7%), воведување на новитет и разновидност (4%).
Студијата исто така покажала кои се негативните фактори кои најмногу влијаат врз сексуалниот живот на жената:
Стрес 39,2%
Лоши односи со партнерот 28, 2%
Несигурни поради својот физички изглед 20%
Грижа за мали деца 11,8%
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


