Според најавите на метеоролози, државите од регионот во следните денови ќе ги зафати студен бран кој во поедини делови ќе ја спушти температурата под минус 20 Целзиусови степени.
Во Хрватска се очекува и силен, оркански ветар, кој значително ќе го зголеми чувството на студ, но и се очекува да предизвика замрзнување на мокри и водени површини, соопшти државниот хидрометеоролошки завод. Метеоаларм издаде црвено предупредување за Истра, Кварнер како и за Велебит и северна Далмација и тоа стапува на сила од ноќеска на полноќ. Се очекува орканска бура со брзина од 90 км/час, со најсилни удари од 110185 км/час. Надлежните ги предупредија граѓаните што помалку да престојуваат на отворено или во незагреан затворен простор и да облекуваат доволно топла облека.
Екстремно ниска температура се очекуваат во следните денови во БиХ, а в сабота на планините се очекува температура под 24 степен Целзиусов, најавуваат од Федералниот хидрометеоролошки завод. Станува збор за студена воздушна маса што носи екстремно ниски температури на западниот дел од Балканот што ќе предизвика температури под просечните вредности за јануари. Студениот бран се очекува од петок до крајот на следната недела и неколку дена потоа. Најавуваат портокалово предупредување за граѓаните поради ниските температури на воздухот. На Бјелашница најстудено било на 2 јануари 1905 година кога се измерени рекордни минус 33 степени.
Лекарите им препорачуваат на жителите на државата што помалку да поминуваат време на отворено или во незагреан затворен простор. И во Црна Гора од петок очекуваат поларни температури. За викендот прогнозите се дека во Подгорица ќе има температури до 11 додека на Жабљак – поларни минус 28 степени. Во тие денови се очекува и силен северен ветар во текот на денот и ноќта, јавуваат локални медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.