| четврток, 6 декември 2018 |

Донирани дијагностички апарати за Детската клиника и за Детската болница „Козле“

Спирометри и инхалатори доби Клиниката за детски болести, додека Детската болница „Козле“ доби апарат за рано откривање туберкулоза.

Донираните дијагностички апарати треба да помогнат за рана детекција на респираторните заболувања кај децата, како и можност од алергиски компликации, како и за рана детекција на патогени и туберкулозни бактерии.

Станува збор за донација на компанијата „Жито лукс“, која минатата година одбележа 70-годишен јубилеј.

Според маркетинг менаџерот во компанијата, Лидија Трајковска-Ристевска, одлучувачки фактор за намена на средствата е актуелниот период во кој се соочуваме со зголемена појава на респираторни инфекции.

– Затоа решивме да придонесеме за обезбедување на медицинската опрема што недостига на детските оддели на двете институции во Скопје, а нејзината примена е токму за превенирање и лечење на тие инфекции – изјави Ристевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top