По исфрлањето од употреба на хартиените картички и воведување едниствено електронски за наплата во градскиот превоз во Скопје од први јануари годинава, се појавија различни информации за цената на билетот за едно возење. Заради тоа денес од ЈСП „Скопје“ излегоа демант дека билетот за едно возење нема да чини 60 денари.
– ЈСП „Скопје“ ги дематира шпекулациите на одредени медиуми дека билет за едно возење во јавниот превоз ќе изнесува 60 денари. Ја информираме јавноста дека оваа информација е неточна, ЈСП „Скопје“ ниту дала таква информација, ниту пак има какви било индиции за такво нешто – се вели во демантот.
– Одредени портали користат вести кои беа пласирани во јавноста во 2015 година, во периодот пред да биде донесена одлуката на Град Скопје за новиот тарифен модел од ноември 2015 година и истите ги пренесуваат како новост – стои во соопштението на ЈСП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.