Вчера во 15.15 часот во ПС Тетово, Д.К. (48) од Тетово пријавила дека, заедно со нејзиниот сопруг Д.К., во нејзиниот стан на ул. 180 во Тетово ја пронашле почината нивната потстанарка Б.Т. (64) од с.Брвеница, со привремено живеалиште на наведената адреса.
Имено, околу 15.00 часот Д.К. заедно со нејзиниот сопруг дошле со намера да се видат со Б.Т., но откако не ја отворила вратата, истите со употреба на сила ја отвориле и ја пронашле почината.
Смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.
Лекар од судска медицина извршил преглед врз телото и не констатирал траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е однесено во Клиничка болница Тетово за обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст