| четврток, 6 декември 2018 |

Врховниот суд во Хрватска одобри стерилизација на жена со ментални потешкотии

Врховниот суд во Хрватска одобри стерилизација на 30-годишна жена со ментални потешкотии за време на нејзината трета бременост. Стерилизацијата ја побарала нејзината мајка која воедно и е нејзин старател. Мајката не е во состојба да се грижи за децата, а на татковците им е одземено родителското право, така што за децата се грижи бабата.

Жената веќе има две деца од 10 и од 8 години. Кога била донесена одлуката за стерилизацијата која е направена по третото породување по пат на царски рез, жената била во шелтер, поради насилството кое врз неа го вршел таткото на третото дете.

Поводот за стерилизација сепак, не биле менталните потешкотии кои таа ги има, туку фактот дека трипати родила со царски рез. Гинекологот утврдил дека следните бремености би можеле сериозно да го загрозат животот на мајката. Бидејќи таа не може да користи друг вид контрацепција, судот залучил дека стерилизацијата е единствен начни да и се спаси животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top