| четврток, 6 декември 2018 |

Шведската кралица живее со духови во дворецот

Кралицата Силвија од Шведска тврди дека Палатата Дротнингхолм кај Стокхолм, каде што живее е проколната, но додава дека тамошните духови се многу пријателски. Ова е објавено во документарниот филм кој ќе го објави јавната телевизија во четврток.

– Има човечиња, џуџиња. Духови. Тие се многу пријателски, но понекогш се чувстувате дека не сте сосема сами. Тоа е навистина возбудливо. Но, не е страшно – изјави 73-годишната кралица, ќерка на еден германски бизнисмен и Бразилка.

И сестрата на кралот, прицезата Кристина, размислува слично за палатата, која е инаку резиденциија на кралот Карло 16-ти. Оваа палата изградена во 17. век на островот Ловон е под заштита на УНЕСКО.

– Многу енергија има во оваа куќа. Би било чудно да не е во тој облик – на духови – изјави принцезата Кристина во документарецот кој ќе биде емитуван во четврток.

Шведска, каде што поголемиот број од жителите се атеисти, не е земја на суеверие. Но, има гласини за други дворци кои наводно биле проколнати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top