Во текст објавен во водечкото американско десничарско списание „Нешнл ривју“ се вели дека Македонија може лесно да стане една од земјите во кои администрацијата во заминување на претседателот Барак Обама предизвикала политички хаос и нестабилност, кој потоа ќе мора да го расчистува идната републиканска администрација.
Во текст на коментаторот Ендрју Статфорд се потсетува на претходната исцрпна репортажа на „Нешнл ривју“ од 2015 година, во која се укажа на финансирањето на левичарски невладини организации и медиуми, од мрежата на Џорџ Сорос или поврзани со партијата СДСМ, од страна на американската администрација преку проекти на УСАИД. Но, Статафорд вели дека исходот на изборите, во кои американската администрација во заминување и амбасадата беа силно вмешани, претставува дополнително
разгорување на ситуацијата.
„Не е тешко да се претпостави дека Брисел и администрацијата на Обама беа водени од идеолошки причини во својот пристап кон Македонија, и втрчаа на терен кој е далеку покомплициран од што самите можеа да претпостават. Можно е да влегуваме во минско поле со сериозни последици. Македонија е навистина далечна земја, но мора да се обрне внимание на развојот на настаните во неа”, предупредува „Нешнл ривју“.
Во текстот се укажува дека во предизборната кампања СДСМ им давала ветувања, или навестувања за идни отстапки на партиите на етничките Албанци кои во иднина може да преизвикаат етнички тензии. Ова, според угледното конзервативно списание, е проблематично меѓу другото и затоа што Македонија е во првата борбена линија на бегалската и мигрантската криза и ја чува надворешната граница на Европа.
„ВМРО-ДПМНЕ негодуваше дека САД поддржуваа една од политичките страни во изборите, и критиките од оваа партија на сметка на американската амбасада стануваа се погласни”, пишува во текстот, кој посочува на прогласот на партијата прочитан од страна на Никола Груевски пред Државната Изборна Комисија како на пример дека критиките на ВМРО кон мешањето на странските дипломати во внатрешните политички прашања стануваат неприфатливи.
„Груевски посочи одредени амбасадори, веројатно мислејќи на претставниците на Европската унија и САД, што не охрабрува, особено имајќи предвид дека се работи за традиционално проамерикански политичар”, додава Статафорд.
Конзервативното списание се повикува на Фајненшл Тајмс и Форбс за да укаже дека ВМРО-ДПМНЕ е навистина про-реформската опција во Македонија, посочувајќи ги бројните мерки за подобрување на бизнис климата, намалување на невработеноста, привлекувањето на странски инвестиции и рекордниот пласман на индексот Дуинг Бизнис на Светската Банка. Но, американската амбасада и програмите на локалниот разгранок на УСАИД, според Нешнл Ривју, служеа да се финансира опозицијата на
реформските политики на ВМРО-ДПМНЕ, пред се преку мрежата на Фондацијата Институт Отворено Општество на Џорџ Сорос.
„Американските даночни обврзници, преку УСАИД, и даваат пари на локалната фондација на Сорос. Македонските конзервативци велат дека со ова САД практично одбрале страна на во политичката поделба во Македонија – и тоа ја одбрале СДСМ или про-комунистичката страна. Други соговорници велат дека десницата прави страшило од Сорос и дека американските дипломати се чесен посредник во овој спор. Но, македонските конзервативци се длабоко погодени од начинот на кој се развиваат односите со САД во Ерата на Обама. ‘Ние сме автентичната про-американска, про-западна партија во земјава. А вие не туркате во рацете на Русија’, велат тие”.
Статафорд цитира и извадоци од минатогодишната репортажа на „Нешнл ривју“ од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст