Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал очекуваат близнаци, соопштија италијанските медиуми, цитирајќи го либанскиот весник The Daily Star. Според него, тие ќе се родат во март.
Либанскиот весник цитира извор близок до семејството на Амал Аламудин во Бејрут. Во 2015 година актерот рече дека “децата не се негов приоритет”, а еден месец подоцна коментираше дека има желба, но дека на “двајцата со жена му им треба време”.
Во август пак се прошири веста, која и до денес не е потврдена дека двојката почнала постапка за вештачко оплодување. Единственото нешто што засега е сигурно се зборовите на Џорџ Клуни за списанието Венити Феар”, со кои тој повика “Дајте ни шанса”.
Това беше одговор на прашањето дали со Амал имаат намера да имаат деца. Аргументот “деца” е еден од најмногу посочуваните зборувани во медиумите, кога станува збор за Џорџ и Амал, откако двајцата се венчаа на спектакуларна церемонија во Венеција во септември 2014 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст