| четврток, 6 декември 2018 |

Вејн Руни татко по втор пат – синот го крсти по Мухамед Али

Сопругата на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни,  денеска во раните утрински часови му го роди синот Клеј Антони.

Бидејќи Руни е голем боксерски обожавател,  вториот син го носи името на боксерската легенда Касиус Клеј, многу попознат како Мухамед Али.

Напаѓачот го пропушти последниот меч во кариерата на менаџерот сер Алекс Фергусон со ВБА во неделата зашто Колин замина во болница.

Пред три години семејството Руни го доби првото дете кое се вика Кај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top