| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатен пресврт:Машрапов е уапсен, но тврди дека нема врска со нападот во Истанбул

%d1%98%d0%b0%d1%85%d0%b5
Граѓанинот на Киргистан, Иакхе Машрапов, чија фотографија од пасошот ја објавиле бројни медиуми со тврдење дека тоа лице е осомничено за нападот на клубот во Истанбул во новогодишната вечер, демантирал дека има врска со тој настан.

Имено, Иакхе Машрапов за киргистанскиот портал “Турмиш” рекол дека во Киргистан пристигнал денес во 7 часот наутро, и дека од Бишкек во 9 часот пристигнал во Ош, каде веднаш бил приведен на испрашување.
Машрапов тврди дека во Истанбул бил на службен пат.
-Од Бишкек во Истанбул отпатував на 1. јануари и таму имав работа поврзана со трговија. Дојдов на аеродромот во Истанбул, и веднаш кога влегов во авионот, турските власти ме извлекоа надвор и ме одведоа на испрашување. Ме испрашуваа еден час, поради што авионот во Бишкек доцнеше – рекол за “Турмиш”.

%d1%98%d0%b0%d1%85%d0%b52

-Полицијата ми објасни дека ме испрашуваат бидејќи личам на осомничениот од фотографијата кој извршил терористички напад во новогодишната ноќ. Потоа ми се извинија и ме пуштија на авионот- рекол Машрапов и додал дека не знае кој е осомничен, ниту како фотографијата од неговиот пасош се нашла на социјалните мрежи.

-Доаѓам од Кара-Суу и од 2011. година продавам на тамошниот пазар. Кога нападот се случил, 31. јануари, јас бев во Киргистан. Немам никаква врска со терористичкиот напад во Турција – рекол Машрапов и објаснил дека уште од 2011. година работно го посетува Истанбул.

Иакхе Машрапов на 28. декември од Киргистан заминал во Истанбул, па на 30. се вратил во својата татковина. На 31. декември бил во Киргистан, а во Истанбул отишол на 1. јануари. Во Бишкек се вратил денес.

Во ноќниот клуб “Reina” смртно настрадале 39 лица. Напаѓачот е сè уште на слобода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top