| четврток, 6 декември 2018 |

Го прослави својот 146-ти роденден со единствена желба – да умре

Мба Гото е Индонезиец на чија лична карта му пишува дека е роден на 31-ви декември 1870-та година. Тој пред три дена го прослави својот 146-ти роденден со најблиските.

Своите деца, четири сопруги и десетмина браќа и сестри ги надживеал, а вели дека тајната на долгиот живот е долгото трпение кое што го има.

Гото живее во малечко село во Индонезија. На неговата роденденска прослава присуствувале и неговите соседи, а Гото бил во доста добро расположение додека се пеела роденденската песна. Како што пренесуваат западните медиуми, сите свеќички ги „дувнал“ одеднаш.

Тој на новинарите им открил дека се подготвувал за својата смрт од 1992-ра година кога веќе и го нарачал својот надгробен споменик, но веќе и после 24 години, тој е жив и здрав.

Минатата година во изјава за „Њуз нетворк“ тој рекол дека негова најголема желба е да умре, затоа што се чувствува премногу слабо и внуците и правнуците мора да го бањаат и да го хранат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top