За време на новогодишните и божикни празници трпезата тежи од домашни и традиционални јадења. За многумина тоа значи и дека неколку дена по ред ќе се јадат сарми, подварок и месо.
Додека некои намирници како компирот, јајцата и зеленчукот не трпат подгревање, останатите остатоци од богатата свечена трпеза може повторно да ги јадете топли.
Сарми
Сармата мора да се чува во фрижидер, а кога ќе дојде време за следниот ручек се подгрева така што во посебно тенџерче или тавче ставате само онолку колку што планирате да јадете, за парчињата да не се подгреваат неколку пати.
Во тенџерчето додајте и малку вода, поклопете и оставете да се крчка на средна температура, без разлика дали во рерна или на шпорет.
Печено месо
Месото, посебно свинското, е вкусно и ладно, но ако сакате да го подгреете, прво загрејте ја рерната на 100 до 150 степени, а во тава за печење ставете малку масло. На парче дебело 2-3 см му е потребно 20-30 минути за да се згрее.
Доколку сакате да го згреете побрзо, во тава со капак ставете малку масло и на загреаната рерна месото потпржете го по минута до две од секоја страна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Србија уапсени луѓе заради продажба на 31 тон расипано месо од Бразил
-
Полицаец се заканувал со пиштол во месарница, не му се допаднало месото
-
Компании од Бразил добиле забрана за извоз на месо во Македонија поради небезбедно месо
-
Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо