| четврток, 6 декември 2018 |

„Забрањено пушење“ во скопскиот клуб „Соушл“

Култната група од Сараево  „Забрањено пушење“ ќе има  концерт на 16 февруари во скопскиот клуб „Соушл“. Настанот ќе биде со ограничен број од 400 влезници.
Оваа  група зад себе има долга и богата кариера.  Ја сочинуваат Сејо Сексон (односно Давор Сучиќ), Роберт Болдижар – Роби, Антун Ловиќ – Тони, Бранко Трајков – Трак, диџеј Паво, односно Пол Кемпф и Дејан Орешковиќ – Кло. Имаат издадено  девет студиски албуми, три компилации и два албума во живо, така што  „Забрањено пушење“ е едно од најистрајните југословенски музички имиња на овие простори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top