| четврток, 6 декември 2018 |

Турскиот вицепремиер: Близу сме до идентификација на напаѓачот од Истанбул

Турските власти се мошне близу до тоа да го идентификуват напаѓачот, кој за време на новогодишната ноќ уби 39 и рани 69 лица во ноќен клуб во Истанбул, изјави денеска заменик-турскиот премиер Нуман Куртулмуш.

– Информациите од отисоците и изгледот на терористот се собрани. Тој наскоро ќе биде идентификуван, рече Куртулмуш на прес-конференција.

Тој нагласи дека е јасно оти интервенцијата на Турција во Сирија ги „изнервирала“ терористичките групи и оние кои ги поддржуваат и додаде дека Турција ќе ги зајакне своите воени операции во Сирија.

– Ова беше порака за нашата прекугранична операција Еуфратски штит. Ќе продолжиме со нашите операции и со нашата одлучност, рече тој.

Во нападот на ноќниот клуб во Истанбул во новогодишната ноќ загинале 39 лица, а за нападот одговорноста ја презеде Исламска држава, која соопшти дека тоа е одговор на интервенцијата на Турција во Сирија.

– Вонредната ситуација во Турција ќе продолжи колку што ќе биде потребно, рече Куртулмуш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top