Има 35 години, а на терен се движи како тинејџер, иако игра во најтешката фудбалска лига постигнува голови како од шега, а во последните четири победи на Манчестер Јунајтед, учествуваше со четири гола и исто толку асистенции. Сигурно знаете за кого се работи. Златан Ибрахимовиќ ова лето за без пари пристигна во Јунајтед, од редовите на ПСЖ, а многумина тврдеа дека во Премиер лигата нема да успее, но тој по само шест месеци едноставно им ја затвори устата на сите фудбалски критичари.
– Верувајте, критиките ми даваат многу енергија. Тие се платени да зборуваат глупости, а јас заработувам со своите нозе. Затоа моментално уживам во фудбалот, се чувствувам одлично, но не знам уште колку време ќе играм. Кога пристигнав во Англија многу луѓе говореа дека нема да успеам тука, а јас по само шест месеци им ги затворив устите – изјави Златан.
Денеска, се очекува Златан да го одигра својот 19. натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, кога „црвените ѓаволи“ ќе гостуваат кај Славен Билиќ и Вест Хем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.