| четврток, 6 декември 2018 |

Што ќе правиме денеска, ќе правиме цела година – го празнуваме Св.Игнат

%d0%b8%d0%b3%d0%bd%d0%b0%d1%82

Денеска е Св. свештеномаченик Игнатиј Богоносец. Игнатиј беше ученик на св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој беше епископ во Антиохија, каде многу се прочу по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа. На едно свое пропатување, цар Трајан дојде во Антиохија. Пред него го изведоа овој славен епископ, а Трајан го осуди на смрт и го прати во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабруваше христијаните од градовите низ кои проаѓаше. Доста од тие негови зборови се зачуваа до денес во вид на посланија. Во Рим беше фрлен на ѕверовите и со крвта на своето сведоштво го запечати светиот живот.

Според преданијата, она што ќе го правите денеска, ќе го правите цела година. Затоа не се карајте, не се лутете, сакајте и бидете сакани. Се верува дека на денешниот ден не се работат тешки работи, посебно предење, ткаење, шиење.

Во некои краеви се верува дека  денеска треба да се направи колач и да се подели на децата, но прво да ги повелечете за уши, за да пораснат што повеќе во новата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top