Легендарниот голман на Јувентус и италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон и во 38 година добива награди и признанија.
Италијанската фудбалска федерација го прогласи чуварот на мрежата за фудбалер на годината на „чизмата“ за 2016 година.
Буфон ја победи конкуренцијата, па го остави на второто место напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, па следеа дефанзивците Бонучи и Барзаљи и напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле.
Меланија Габијадини е најдобра во женски фудбал, Стефано Мамарела во футсал, а Габриеле Гори во фудбал на плажа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.