| четврток, 6 декември 2018 |

Патиштата суви, на планинските премини можна голомразица

patista

­ Сообраќајот на патиштата се одвива по претежно суви коловози на пониските места. Наместа влажни коловози се бележат на планинските премини, повисоките и осојничави места, каде поради ниски температури можна е појава на голомразица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани ­Македонска Каменица ­ Делчево, Виница ­ Берово, Гостивар ­ Стража, Маврово – Дебар ­ Струга, Д. Капија ­ Удово, Катланово ­ Велес, Крушево ­ Демир Хисар и Ресен ­ Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top