Турската полиција објавила фотографија од мажот кој е осомничен за синоќешниот напад во Истанбулската дискотека „Реина“ каде беа убиени 39 лица.
Меѓу настраданите имаше и 16 странци, како и 70 поврдени лица. Откако пукал во лицата кои биле пред вратата на клубот, напаѓачот влегол внатре и убил еден полицаец и цивил кои стоеле на самиот влез. По тие истрели започнало стампедо.
– Беше страшно. Сите се забавуваа, а потоа настана хаос. Бегаа човек преку човек барајќи место каде да се засолнат, раскажала една жена за нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.