| четврток, 6 декември 2018 |

Една Израелка и арапски државјани меѓу убиените во ноќниот клуб во Истанбул

%d0%bd%d0%b0%d0%bf

Граѓани на Садуска Арабија, Мароко, Либан и Либија се меѓу убиените во нападот во ноќен клуб во Истанбул синоќа за време на новогодишната прослава, изјави турската министерка за семејство и социјална политика, Фатма Бетул Сајан Каја, јави Анадолија.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека меѓу загинатите е и една Израелка. Таа е идентификувана како Лиан Насер и имала 19 години. Израелски медиуми јавуваат дека таа во клубот била со тројца свои пријатели од Израел. Едниот од нив бил ранет.

Најмалку 39 лица, од кои повеќето странци беа убиени во нападот, извршен во клубот Реина, кој се наоѓа во квартот Ортакој, од страна на маж, облечен како Дедо Мраз. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го осуди нападот. ­

-Им изразуваме сочувство на семејствата на убиените и им посакуваме побрзо закрепнување на ранетите- рече премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top