Белата куќа остро го осуди нападот во Истанбул и повторно ја потврди поддршката за Турција во борбата против тероризмот.
Претседателот на САД во заминување Барак Обама изрази сочувство за загубата на невини човечки животи и му нареди на својот тим да им пружи помош на турските власти доколку имаат потреба од тоа, изјави портпаролот Ерик Шулц.
Претседателот, кој е на одмор на Хаваите, бил информиран од советниците за национална безбедност за нападот во Истанбул, во кој загинаа 39 лица.
– Нашите мисли се со жртвите и нивните блиски. Продолжуваме да работиме за спречување на оваа трагедија, напиша на Твитер високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини.
Сочувство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на семејствата на загинатите им изрази и азербејџансиот претседател Илхам Алиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.