| четврток, 6 декември 2018 |

На овој датум најмногу парови раскинуваат

raskinuvanje

Зимата е едно од најромантичните годишни времиња, време кога се добиваат подароц и кога се празнува. Сепак истражувањата откриваат дека не е се толку убаво во љубовниот живот во зимските месеци. Една студија открила точен датум кога често доаѓа до разделба на паровите. Се работи за 11 декември.

Истражувањето покажало дека луѓето најмногу контрола врз својот живот превземаат три недели пред Божиќ, а зошто е тоа така објаснува психологот Дори Лин. Таа тврди дека таквата ситуација е врзана за подарување на подароци.

– Интимниот чин на подарување ги принудува луѓето да ја прифатат реалноста, неадекватностите и довербата и да воочат каде се во целата приказна. Истиот феномен може да се воочи во Америка за Денот на благодарноста, вели Лин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top