| четврток, 6 декември 2018 |

Дедо Мраз пристигна на плоштадот „Македонија“

Дедо Мраз пристигна на плоштадот „Македонија“ најмалите го пречекаа со прегратки, но и многу желби.

Спуштајќи се со јаже од покривот на стоковната куќа на плоштадот Дедо Mраз слезе меѓу децата кои со нетрпение го очекуваа неговото доаѓање.

Пристигнувањето на најсаканиот дедо и симболот на новогодишните празници се најави со празнична парада предводена од Снежната кралица.

Децата велат биле умни годинава, па очекуваат Дедо Mраз да им ги исполни желби. Списокот на посакувани подароци содржи најразлични желби – кукла, кујна, телефон и таблет некои велат чекаат изненадување.

Со желби за добро здравје, весели денови и многу љубов Дедо мраз од скопскиот плоштад продолжи кон домовите на сите деца со подароци за Среќна Нова Година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top