| четврток, 6 декември 2018 |

На економијата ѝ е потребна политичка стабилност за поголем број инвестиции и повеќе работни места

Нашата држава не ја одминаа проблемите. Кај нас беа и подлабоки од оние на повеќе места, но мора да се извлечат поуки и да се продолжи напред со обновена енергија и прецизно поставена цел. И покрај политичката криза добро е што Македонија ја зачува економската стабилност, со солиден економски раст, и што е најважно со континуирано намалување на невработеноста, на историски најниска стапка на невработеност од  23.4 отсто, и со голем број ново отворени работни места, кои се резултат на макотрпна работа и во оваа и во претходните години на овој план. Таа работа и таа посветеност не донесоа на ранг листата која еднаш годишно ја објавува Светската банка на 5тото место во Европа и 10то во светот според  добрите услови за правење бизнис. Ова, заедно со фактот дека сме земја со најниски даноци во светот, и земја која изгради сериозни капацитети и систем за привлекување и поддршка за инвеститорите, а со тоа и нови работни места, како и постепено зголемување на економскиот стандард, сето ова е голем капитал, кој веќе се материјализира со голем број странски инвестиции, но и многу домашни кои или се прошируваат или започнаа нови активности, рече Груевски во своето обраќање, се осврна на економијата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во новогодишното обраќање.

Секако ако ја немавме политичката криза, на овој план можеше да се направи и многу повеќе, но би рекол во дадените околности се извлече максимумот. На сите нас, и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број на инвестиции, на нови работни места и зголемување на стандардот во 2017тата. Јас лично, и партијата која ја предводам ќе направиме се што е во наша моќ да се обезбеди политичка стабилност, да заврши политичката криза и земјата да чекори напред. Креаторите на кризата ги одолговлекуваа изборите, но на крајот тоа стана неизбежно. Народот го кажа своето мислење, и тоа мора да се почитува. Секој од нас политичарите од различните политички партии треба да извлече поука од пораките кои граѓаните ги испратија на последните избори, и да се фокусираме да направиме најдобро за земјата и за сите граѓани во неа, подвлече Груевски.

Реформите кои водат кон подобрувања на секој план мора да продолжат. Во преден план треба да се интересите на граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија. Треба да се поттиснат напорите за надворешни влијанија  чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top