| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија доби прв археолошки парк

На археолошкиот локалитет „Градиште“ с.Бразда (Владетелската гробница), денеска во 13 часот, Здружението  „Археологика“ организира свечено отворање на првиот археолошки парк во Македонија. Проектот “Архео Парк Бразда” беше реализиран со поддршка на АД ЕЛЕМ од програмата за општествена одговорност.

На отварањето ќе се обратат : Радомир Ивановиќ – Здружение “Археологика” и Горан Санев – Музеј на Македонија

Се очекува присуство на претставници од АД ЕЛЕМ, Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство, Музеј на Македонија Музеј на град Скопје, Филозофскиот Факултет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top