| четврток, 6 декември 2018 |

Туризам и тероризам: Дали се плашите од посета на топ дестинации?

Ница, Брисел, Берлин, Истанбул. Нападите во овие градови ќе останат во историјата. Иако животот таму полека се враќа во нормала, ужасот од теророт донесе неповратна загуба за туристичките топ дестинации, пишува Фактор.мк.

Има одлив на посетители од некои делови на Европа и светот.

Според експерти во областа на туризмот следната година ќе биде критична за индустријата.

Се откажуваат патувања кон Египет, Тунис, Франција, Белгија и во одреден степен и Германија.

Според туроператори нападите би се одразиле на туризмот во одделните земји, во зависност од тоа дали станува збор за изолиран случај или серија од напади.

Загубите во туризмот ќе донесат загуби за економиите во погодените земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top