| четврток, 6 декември 2018 |

Италијанскиот министер: Напаѓачот од Берлин се движел како „осамен волк“

Министерот за внатрешни работи на Италија Марко Минити изјави дека Тунижанецот Анис Амри се движел како „осамен волк“, додека патувал низ Италија по нападот на божиќниот базар во Берлин, пренесува ABC News.

Во петокот министерот истакна дека до моментов истрагата покажува дека 24-годишниот бегалец немал сериозни контакти во Италија.
Минити истакна дека „по пристигнувањето во Италија Амри се движел како осамен волк“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top